Италијанските медиуми пренесуваат дека еден кинески клуб е спремен да испрати понуда тешка 45 милиони евра за потписот на напаѓачот на Милан, Карлос Бака.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Станува збор за амбициозниот Тианџин кој неодамна го комплетираше трансферот на Аксел Витсел. Кинескиот клуб покрај богатата понуда за Милан на напаѓачот му нуди плата од 12 милиони евра по сезона.
Милан е спремен да ја прифати понудата за 30-годишниот напаѓач и сумата да ја инвестира на трансфер пазарот, па покрај замена за Бака да донесе и еден играч за врска.
Сега се е во рацете на Колумбиецот кој не сака да се пресели во Кина и сака да игра на врвно ниво во Европа.
Доколку Бака ја прифати понудата од Кина, Милан со инкасираните средства ќе се обиде да ги донесе Симоне Заза од Јувентус и Милан Бадељ од Фиорентина.