Дома Македонски спорт Мак ракомет Кил на колена: Вардарци сигурни кон патот до втората европска титула

Кил на колена: Вардарци сигурни кон патот до втората европска титула

Актуелниот европски шампион, Вардар успеа да слави на гостувањето кај Кил со 29:28.

Црвено-црните уште еднаш покажаа доминација и сигурност на патот кон втората во низа титула во Лигата на шампионите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На само чекор од нов Ф4, Вардарци со звукот на сирената успеаа да запишат триумф на тешкото гостување кај Кил и тоа благодарение на погодокот на Македа.

По првите 30 минути, црвено-црните во исклучително тешка атмосфера како на трибините, така и на теренот, создадоа разлика од два погодоци, па на пазуа заминаа со резултат 14:12.

Во вториот дел, Кил беше несомнено квалитетен ривал кој постојано го имаше резултатот во рака, но на крајот нашиот македонски шампион донесе нова голема радост за нашата публика славејќи со еден позитива, односно 29:28.

Вардар сепак е на половина пат од новиот финален турнир, па оттаму следната недела во СЦ „Јане Сандански“ ќе се одигра реваншот помеѓу овие две екипи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Влаховиќ е примарна трансфер цел на Арсенал

Раководството на Јувентус не исклучува продажба на Душан Влаховиќ на крајот на сезоната, п…