Дома Фудбал Англија Кејн не може сам, Тотенхем во финишот остана без важни бодови 🎥

Кејн не може сам, Тотенхем во финишот остана без важни бодови 🎥

Њукасл и Тотенхем ремизираа (2:2) во натпреварот од 30. коло од англиската Премиер лига.

Тимот на Жозе Мурињо беше пред победа, но без важни бодови во борбата за Лигата на шампионите остана во 86. минута од натпреварот. Њукасл во овој натпревар прв стигна до водсство. Жоелинтон во 28. минута погоди за 1:0, но потоа следуваше брз пресврт на Спарси.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Го режираше Хари Кејн. Прво во 30. минута изедначи на 1:1, а четири минути подоцна погоди за 1:2. Во продолжение од натпреварот шанси имаше и на двете страни, а во 86. минута Њукасл дојде до изедначување. Вилок ја искорити лошата реакција на одбраната на Тотенхем и погоди за конечни 2:2.

Тотенхем така остана без два важни бода во борбата за Лигата на шампионите, доколку славеа во овој натпревари ќе дојдеа до четвртото место, вака остануваат пети со два бода помалку од Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…