Дома Фудбал Репрезентации Кејн е загрижен: Ги предупреди соиграчите пред почетокот на Европското првенство

Кејн е загрижен: Ги предупреди соиграчите пред почетокот на Европското првенство

Капитенот на тимот на Саутгејт ги повикува играчите неуспехот во последниот пријателски натпревар против Исланд да биде повик за будење за Европското првенство.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Првиот натпревар на Европското првенство Англија го игра против Србија на 16. јуни.

„Ваквите порази можат да бидат повик за будење за сите нас. Мораме да разбереме дека нема да биде толку лесно како што мислат луѓето. Имаме многу работа да завршиме, понекогаш треба да се разбудите. Има многу елементи што треба да ги поправиме, особено во пресингот. Натпреварите во групната фаза ќе бидат слични на овој против Исланд. Ќе мораме добро да се браниме, особено против долгите топки. Треба да бидеме и трпеливи во нападот“, изјави Кејн.

Тој се присети и на последното Европско првенство кога неговата репрезентација беше поразена во финалето против Италија по изведувањето пенали.

“Тоа беше вистински сон. Но, во фудбалот секогаш имаш подеми и падови. Поминаа речиси две години од последното натпреварување, мораме да заборавиме на тоа и да бидеме возбудени за новиот турнир”, заклучи Кејн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Голем хаос на повидок: Хартс бара службена победа против Селтик! (Видео)

Драмата во шкотската Премиер лига сè уште трае, а најновите случувања отвораат можност за …