Дома Трансфер зона Кедира: Не си одам во јануари

Кедира: Не си одам во јануари

Многу се пишуваше за иднината на германскиот фудбалер Сами Кедира, се очекуваше тој да го напушти Јувентус.

Јувентус се обидуваше да се ослободи од него и во текот на претходниот рок, но Кедира остана. Клубот се надева дека ќе се пронајде договор за негово заминување во јануари, меѓутоа сепак според неговата последна изјава тој ќе остане во Торино.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Кедира јасно кажа дека ќе остане до крајот на неговиот договор.

„Не си одам во јануари. Ќе го одработам мојот договор до крај, до јуни 2021 година“, изјави Германецот.

Очигледно не му пречи тоа што од доаѓањето на Пирло на клупата не одигра ниту еден натпревар за Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

ПСЖ се засили со руски репрезентативец!

Голманот на Краснодар и руската фудбалска репрезентација Матвеј Сафонов пристигна во Париз…