Дома Фудбал Италија Катастрофата на Италија донесе и „потоп“ за Јувентус

Катастрофата на Италија донесе и „потоп“ за Јувентус

Тимот на Јувентус денес во рамките од 13 коло во италијанската Серија А го запиша вториот пораз во сезоната и тоа со 3:2 против Сампдорија.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Во овој натпревар за Јувентус не настапија Џанлуиџи Буфон и Андреа Брзаљи и како што пренесуваат италијанските медиуми, причината не бил натпреварот кој Јувентус во среда го игра против Барселона.

Според медумите во Италија, Буфон и Брзаљи побарале од тренерот Алегри да бидат изоставени за овој натпревар поради тоа што не биле во состојба да настапат по катастрофата која и се случи на Италија во баражот за Светското првенство против Шведска.

Италијаните не се квалификуваа на Светското првенство, а Буфон и Брзаљи тоа толку многу ги погодило што не можеле да истрчаат на теренот.

Треба да потсетиме и дека натпреварот против Шведска беше последен настап за репрезентацијата и за Буфон и за Брзаљи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Најдобриот натпревар во мојот живот! Луис Енрике воодушевен: Одиме во Минхен да постигнеме барем три гола!

Шпанскиот тренер зборуваше за “осебено искуство во својата кариера”. Улични ку…