Дома Трансфер зона Каталонците тврдат: Барса тргнува по скапата ѕвезда на Јунајтед

Каталонците тврдат: Барса тргнува по скапата ѕвезда на Јунајтед

Весникот „Мундо Депортиво“ кој секогаш е добро информиран за случувањата во Барсеона, пренесува дека каталонскиот клуб е заинтересиран за ѕвездата на Манчестер Јунајтед.

Станува збор за Антони Марсијал, кој после доаѓањето на Мурињо го загуби првотимскиот статус и не е задоволен од статисот кој го има на „Олд Трафорд“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Синоќа спортскиот директор на Барселона, Роберт Фернандез бил во Лисабон за да го следи токму Марсијал, открива весникот.

Марсијал пристигна на „Олд Трафорд“ од Монако како големо засилување и стана најскапиот тинејџер во историјата на фудбалот, но не успеа да го покаже својот потенцијал.

Французинот не ја добива посакуваната минутажа кај Мурињо, но ова лето остана на „Олд Трафорд“ иако имаше многу понуди од европските гигнати.

Неговиот договор истекува во 2019 година и нема преговори за продолжување на истиот, а Барселона внимателно ја следи ситуацијата и сака да го донесе на „Камп Ноу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Готово: Барселона договори светски шампион, пристигнува бесплатно!

Според последните информации, Барселона успеала да постигне договор во летниот преоден рок…