Дома Фудбал Останато Кариус не е повеќе играч на Бешикташ: Срамота е што се заврши на ваков начин

Кариус не е повеќе играч на Бешикташ: Срамота е што се заврши на ваков начин

Бешикташ одлучи да го раскине договорот со Лорис Кариус за позајмица кој не го криеше разочарувањето поради начинот на кој работата се завршила.

Кариус истакна дека на клубот нудел и да му се намали платата за наредниот период, но управата не сакала да слушне за тоа.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Очигледно Кариус скапо го чинеа киксовите кои го следат уште од финалето во Лигата на шампионите кога практично му ја „подари“ титулата на Реал Мадрид во 2018.

„Денес го раскинав договорот со Бешикташ. Срамота е што се завршува на ваков начин, но треба да знаете дека се обидов да направам се да ја решам оваа ситуација. Со месеци бев трпелив и разговарав со управата, одново и одново. Истите работи се случуваа и минатата година. Не сакаа да слушнат ниту за мојот предлог да ја намалам платата“.

„Важно ми е да знаете дека уживав играјќи за овој клуб. Бешикташ може да биде горд што има фанови кои прават неверојатна атмосфера. Секогаш ме поддржувавте и во добро и во лоши и ќе ве паметам по добро. Исто така сакам да се заблагодарам на моите соиграчи, стручниот штаб, вклучувајќи ги и исте луѓе кои работат за доброто на клубот“, напиша Кариус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вознемирувачко видео: Навивач на ПСВ остана без прсти откако му пукна бакља во раце 🎥

Тимот на ПСВ зад себе има фантастична сезона во која стигна до својата 25. титула во клупс…