Дома Останати Кошарка Кари најавува уште една одлична сезона: Поентираше свртен со грб од половина терен (ВИДЕО)

Кари најавува уште една одлична сезона: Поентираше свртен со грб од половина терен (ВИДЕО)

НБА сезоната ќе започне за само осум дена.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Најдобрите кошаркари полека ги завршуваат жестоките припреми низ предзезонските борби и се подготвуваат за сезоната од 82 натпревари, тука не се пресметани и натпреварите во плеј-офот.

Изгледа дека една од најголемите ѕвезди Стеф Кари уште сега е во фантастична форма. Еден од најдобрите кошаркари на денешницата ќе се обиде со Голден Стејт да стигне до шампионскиот прстен, што за него би бил трет во низа и четврти во последните пет години.

Шутерската способност е она што го краси кошаркарот на Вориорси од моментот кога стигна во лигата, а на тренингот отворен за јавноста изведе потег со кој предизвика воодушевување. Кари успеа да постигне кош без гледање и свртен со грб од половина терен!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Леброн и Јокиќ соиграчи од следната сезона?!

Леброн Џејмс вчера официјално се раздели од ЛА Лејкерси по дури осум години, но не планира…