Дома Фудбал Карвахал: Нема да лажам, сакам Барселона да испадне од Лигата на шампионите

Карвахал: Нема да лажам, сакам Барселона да испадне од Лигата на шампионите

Дани Карвахал за „Радио Марка“ зборуваше на неколку теми.

Играчот на Реал помеѓу останатото го коментираше и големиот ривал Барселона и порача дека не би сакал каталонскиот тим да напредува во Лигата на шампионите.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Каталонците минатата недела на „Камп Ноу“ одиграа само 0:0 против Славија Прага па сега се доведоа во ситуација со два порази да не поминат во нокаут фазата, а тоа воопшто не би му пречело на Карвахал.

„Нема да лажам. Ќе ми биде повеќе мило ако Барселона не помине. Тие се кандидат за Лигата на шампионите и наш голем ривал. Нема да се преправам. Повеќе сакам кога ќе изгубат во Ла Лига бидејќи се еден од нашите ривали и помалку или повеќе исто е и во Лигата на шампионите. Имаат спектакуларна екипа, за нас би било подобро да не поминат понатаму“, изјави Карвахал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пиоли добива отказ. Милан бира помеѓу овие пет тренери

СТЕФАНО ПИОЛИ ќе биде тренер на Милан само до крајот на сезоната, по што ќе добие отказ, п…