Дома Останати Ракомет Карачиќ за одлуката во финалето на ЕУРО 2020: Им симнувам капа на македонските судии!

Карачиќ за одлуката во финалето на ЕУРО 2020: Им симнувам капа на македонските судии!

Миленикот на скопската публика Игор Карачиќ три месеци по завршувањето на Европското првенство зборуваше за одлуката во финалето која ја донесоа македонските судии за која многу се зборуваше потоа.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Одлуката на македонските судии Начевски и Николов во финалето на ЕУРО2020 помеѓу Шпанија и Хрватска да му досудат грешка во чекори на Игор Карачиќ во клучни моменти од натпревар стана пример за делење правда на највисоко ниво.

Во интервју за реномираниот „Балкан Хендбол“ Карачиќ ја призна грешката и им честиташе на Нечевски и Николов.

„Им симнувам капа на македонските судии за тоаш то го направија. Потоа во еден неврзан муабет ме прашаа како ми се случи, едноставно не можам да објаснам. Во тој момент во вашата глава ома 300 акции и тоа да мислите дека ја водите топката, а всушност не ја тапкате ви се случува еднаш во милион случаи. Можам да кажам дека не им замерувам, одлуката беше таква каква што треба да биде. Се случи грешка и скапо ја плативме…“, изјави Карачиќ.

Моментот во кој Карачиќ зборува за судиите:

Целото интервју:

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Поранешен ракометар на ПСЖ ќе го засили Охрид

Македонскиот суперлигаш Охрид се пласира во финалето на ЕХФ Европскиот Куп каде што ќе се …