Дома Фудбал Англија Карагер: Санчо ќе биде како Стерлинг

Карагер: Санчо ќе биде како Стерлинг

Легендата на Ливерпул Џејми Карагер во разговор за „Скај Спорт“ истакна дека Џејдон Санчо е еден од најдобрите млади фудбалери во светот и поради не е изненаден што за него се интересираат Манчестер Јунајтед и Челзи.

Санчо е еден од најдобрите млади играчи во светот, неговата статистика во Борусија е неверојатна“, изјави Санчо.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Во Борусија Санчо дојде од Манчестер Сити каде што не доби шанса ниту да дебитира.

„Тој е англиски играч чие враќање во Премиер лигата сите со нетрпение го исчекуваат. Кој клуб и да го купи ќе биде полн погодок. Погледнете како играше во изминатите две години во Борусија. Во силна лига, во голем клуб, под притисок..и успеа да забележи одлични резултати“.

Потоа Карагер Санчо го спореди со Рахим Стерлинг.

„Може да биде како Стерлинг кој во Сити постигнува многу голови и асистира. Било кој клуб да го купи ќе добие фантастичен играч во наредните 10 години“, смета Карагер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…