Капитенот Лас Палмас, Џонатан Виеира, одлучи да стави крај на фудбалската кариера на 34 години.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Виеира ја донесе оваа одлука бидејќи сака да биде покрај својата сопруга, која има рак на грлото на матката.
Тој не настапи за повратникот во Ла Лига во минатото коло, а не е во комбинација ниту за утрешниот дуел против Алмерија, по што преку социјалните мрежи порача дека во овие моменти фудбалот воопшто не му е во мислите.
„Секогаш вака насмеани. Тоа беше нашето најдобро оружје. Те сакам“, напиша Виера на заедничка фотографија.