Дома Фудбал Италија Капело: Со трансферот во ПСЖ Донарума покажа колку е неблагодарен

Капело: Со трансферот во ПСЖ Донарума покажа колку е неблагодарен

Италијанскиот стратег Фабио Капело ја критикуваше одлуката на Донарума да го напушти Милан.

Капело и понатаму ги следи случувањата во Милан и воопшто во италијанскиот фудбал. Според него младиот голман покажал големо непочитување кон „росонерите“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Донарума покажа колку е неблагодарен кога се пресели во ПСЖ. Клубот направи многу за него и неговото семејство уште кога беше дете, мораше да постапи поинаку. Сега се н адевам дека е среќен во Париз затоа што игра за националниот тим и еден од најважните во тимот, го покажа тоа и на Европското првенство“, изјави Капело.

Милан му нудеше на Донарума договор на пет години со плата од осум милиони евра по сезона, но таа понуда беше одбиена. Во Париз заработува 12 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…