Дома Фудбал Италија Капело: Интер веќе го освои Скудетото, му честитам на Конте

Капело: Интер веќе го освои Скудетото, му честитам на Конте

Легендарниот италијански стратег Фабио Капело е убеден дека Интере веќе ја освоил титулата во Серија А и му честиташе на Антонио Конте.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Интер во неделата го совлада Торино со 2:1 додека Милан изгуби од Наполи со 1:0. Сега Интер има девет бода повеќе од градскиот ривал и десет од Јувентус со тоа што „старата дама“ има натпревар помалку.

„Веќе со недели зборувам дека Интер го освои Скудеото. Го кажав тоа кога Милан изгуби од Специја и денес го потврдувам. Му честитам на Конте. Добро разбра како треба да го постави тимот и работеше интелигентно“, изјави Капело.

До крајот на сезоната има уште 11 кола, а дали Капело избрза ќе видиме на крајот од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дешам го брани Мбапе: Вие го направивте диктатор!

Селекторот на француската репрезентација го заштити својот најголем ѕвезда и објасни зошто…