Дома Фудбал Италија Капело: Ако бев во Реал ќе го купев Икарди веднаш!

Капело: Ако бев во Реал ќе го купев Икарди веднаш!

Тренерската легенда Фабио Капело не ги крие симпатиите кон напаѓачот на Интер Мауро Икарди.
Капело дури го советуваше својот поранешен клуб Реал Мадрид да направи напор да го донесе Аргентинецот на „Сантиаго Бернабеу“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Јас сум фан на Икарди. Ако бев во Реал Мадрид ќе го донесев веднаш“, истакна Капело.

„Мауро е експерт за казнетиот простор. Таков беше Роналдо во неговата последна етапа во Реал. Ако му дадеш три топки во шеснаесетникот, ќе постигне три гола“, додаде Италијанецот.

Капело потоа зборуваше за престојното миланско дерби и дуелот Икарди – Игуаин.

„Гонзало многу ја подобри играта и не е класичен напаѓач кој само постигнува голови. Тој многу му помага на тимот и мислам дека во овој момент е покомплетен од Икарди бидејќи е поискусен“, смета Капело.

https://youtu.be/B9RMBHGRWt4

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ма какво пензионирање: Лука Модриќ доби повик што не можеше да го одбие!

Многумина сметаат дека натпреварот против Португалија беше последен за Лука Модриќ во дрес…