Дефанзивецот на Манчестер Сити, Жоао Кансело проговорил за непријатниот инцидент кој го имаше со крадците во неговиот дом.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Португалецот беше жртва на крадци кон крајот на годината и изјави дека е среќен што никој од неговите блиски не настрадал во инцидентот, иако тој заврши со лузни на лицето.




„Тоа беше ужасен момент, момент кој го тероризираше моето семејство, тие не заслужија да поминат низ сето тоа. Меѓитоа, тоа е животот“, изјави Кансело.




„Одамна ја загубив мајка ми и морав да продолжам. Во животот ми се случуваа тешки моменти, но и тие ме направија ментално поподготвен фудбалер. Имав многу потешкотии во животот кои морав да ги надминам“, додаде Португалецот.