Директорот на Баерн Минхен, Оливер Кан е разочаран од однесувањето на најдобриот фудбалер на клубот, Роберт Левандовски.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Левандовски кажа дека е подготвен за нов предизвик и не сака повеќе да игра за баварскиот тим, иако има договор до следното лето.
На ова веднаш реагираше Оливер Кан и изјави дека не му е јасно што се обидува Левандовски да постигне преку јавни соопштенија.
„Не знам зошто Левандовски реши да комуницира на ваков начин за ситуцијата. Со јавни соопштенија никаде нема да стигне. Роберт треба да знае што има во Баерн. Почитта не е едносмерна улица“, изјави Кан.