Дома Фудбал Репрезентации Камерунските фудбалери одбија да патуваат на првенството во Египет

Камерунските фудбалери одбија да патуваат на првенството во Египет

Пред почетокот на Афричкиот Куп на нации камерунските репрезентативци одбија да отпатуваат во Египет, бидејќи фудбалскиот сојуз во таа земја не им го исплатил договорениот бонус (30.000 евра за секој играч).

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Овие премии биле договорени претходно, но ниту Сојузот ниту Владата на Камерун не го исполниле ветувањето.

Селектор на Камерун е славниот холандски репрезентативец Кларенс Сидорф, кој сега се најде во незавидна ситуација.

Помош побара и од најдобриот камерунски играч на сите времиња Самуел Ето, кој ќе дојде во земјата да поразговара со играчите и ќе се обиде да ги убеди да ја променат одлуката.

Инаку, Камерун е фаворит за титулата, а во групната фаза треба да се сретне со Гана, Гвинеја и Бенин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Официјално: Челси претстави ново засилување кое потпиша до 2033 година 

Челси официјално доби ново засилување за сезоната 2026/27. Аргентинскиот репрезентативец В…