Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Каков Роналдо, каков Погба, рускиот селектор е хит на интернет со Кока-Колата🎥

Каков Роналдо, каков Погба, рускиот селектор е хит на интернет со Кока-Колата🎥

Ова доаѓа откако во понеделникот, потегот на Роналдо со отстранувањето на двете шишиња „Кока-кола“ и повикот „вода“, предизвика низа на реакции.

По ова, француската ѕвезда Пол Погба, кој е муслиман, отстрани шише од „Хајнекен“, иако се работеше за безалкохолен пијалок, а слично „Кока-колата“ ја отстрани и Италијанецот Мануел Локатели. УЕФА реши да реагира.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„УЕФА ги потсетува репрезентациите дека партнерствата се клучни за организирање на турнирот и за развојот на фудалот во Европа, вклучувајќи го младинскиот фудбал и женскиот фудбал.

Тие се обврзани преку своите федерации да ги почитуваат правилата на турнирот. Никогаш не ги казнуваме фудбалерите директно од УЕФА, туку преку националните федерации, кои имаат потпишано договори“, вели директорот на турнирот, Мартин Кален.

Можеби најдобар одговор на целата „мешаница“ со шишињата, направи рускиот селектор Станислав Черчесов, кој вчера прво си отвори шише „Кока-кола“ користејќи го другото шише.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…