Барселона од поодамна не била во потешка ситуација и изгледа како управата на клубот да го губи тлото под нозете, но тоа јавно не сакаат да го признаат.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Каталонците сезоната ја завршија со дебаклот во Лигата на шампионите со поразот од Баерн од 8:2 и тоа најдобар показател дека на клубот му се потребни промени. Претседателот Хозе Марија Бартомеу не сака да ги признае грешките кои ги прави од години во години и Барса го изгуби својот печат.
Колку Батомеу „залутал“ најдобро покажува тоа што најдобриот играч Лионел Меси сака да замине. Аргентинецот бара од клубот да го пуштат бидејќи е незадоволен од начинот на кој се раководи со клубот.
Покрај Меси од претходно е потврдено дека Куман им порачал на некои играчи дека можат да заминат, а тука се Суарез, Ракитиќ, Видал, Умтити…
„Л’Eкип“ денес објави интересна вест односно состави тим на Барселона без Меси и Суарез во првите 11. Еве како изгледа:
