Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Како да се уништи се, се разбира со пари: Афера во Егпет пред стартот на Мундијалот, Салах во улога на пион?!

Како да се уништи се, се разбира со пари: Афера во Егпет пред стартот на Мундијалот, Салах во улога на пион?!

Постојат примери безброј, сведоци сме биле на се. Штом се оствари успех, се отвора и можноста да се заработи. А тука веднаш се отвора и простор се да се упропасти. Египет не е исклучок, па овие денови на северот на Африка – далеку од очите на Европејците, се отвора афера која се заканува да ја наруши добрата атмосфера во таборот на Фараоните. Во средината секако е првата ѕвезда, Мохамед Салах, кој оваа сезона игра и повеќе од феноменално во редовите на Ливерпул.

Проблемот, меѓутоа е што добро знаат и во ФС на Египет, па таму одлучија да заработат на ликот на Салах во во комерцијални цела без дозвола на фудбалерот. И потоа следеше твитер пост кој ги запали социјалните мрежи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„За жал, начинот на кој го прават ова многу е навредлив. Се надевам на подобро од ова“, напиша Салах, пренесува Ал Џезира Балкан.

Народот очекувано застана во одбрана на фудбалерот „Го поддржуваме Мохамед Салах“. Реагираше и министерот на спорт барајќи решение на проблемот, но во Сојузот не реагираат. Менаџерот на Салах, Рами Абас соопшти дека веќе седум дена чека било каков одговор од Сојузот, а засега ништо.

„Не не повикаа за да дојдеме до решение. Ништо, потполен молк. Само гледаме се повеќе и повеќе плакати и реклами кои се појавуваат, а кои никогаш не сме ги одобриле. Каков резултат мислат дека има тоа“?

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…