Дома Фудбал Италија Како Болоња летово го изиграла Јувентус: Се договоривме ама ништо не потпишавме!

Како Болоња летово го изиграла Јувентус: Се договоривме ама ништо не потпишавме!

Јувентус во последните години доби епитет на клуб кој добро работи на трансфер пазарот, меѓутоа Болоња го изиграла италијанскиот шампиони.

Рикардо Орсолини е прв ѕвезда на Болоња и игра одлично. Цели шест месеци се тврдеше дека Јувентус има клазула според која може да го врати Орсолини.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Орсолини минатата сезона беше позајмен во Болоња од Јувентус. Ова лето клубот од „Емилија Ромања“ го откупи неговиот договор за 15 милиони евра. Од тогаш се мислеше дека Јувентус обезбедил клазула според која за 25 милиони евра можат да го вратат Орсолини назад.

Сепак, сега спортскиот директор на Болоња, Валтер Сабатини откри дека таа клазула никогаш не била вметната во договорот.

„Кога преговаравме со Јувентус зборувавме за повратна клазула и усно ја договоривме, но таа никогаш не беше потпишана. Во договорот такво нешто нема, остана само на зборови. Орсолини има цена и таа е 70 милиони евра. Ние сме стабилен клуб и ако некој сака да купи наш играч ќе мора да се потроши“, изјави Орсолини и практично му се насмеа во лице на италијански шампион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Манчестер Јунајтед спреми отказ за Тен Хаг

Манчстер Јунајтед ќе му врачи отказ на тренерот Ерик Тен Хаг, тврдат медиумите блиски до к…