Дома Фудбал Останато Каде е денес момчето кое „Енфилд“ го славеше во големиот успех против Барселона?

Каде е денес момчето кое „Енфилд“ го славеше во големиот успех против Барселона?

Барселона во последните години доживеа неколку болни порази во Лигата на шампионите еден од најголемите стигна во 2019 година на „Енфилд“.

После убедливите 3:0 на „Ноу Камп“ изгледаше дека Меси и друштвото сигурно ќе играат во финалето, но Ливерпул на „Енфилд“ ги победи Каталонците со 4:0. Последниот гол на тој натпревар ќе остане запаметен како еден од најпознатите голови во историјата на Лигата на шампионите. Стрелец беше Дивок Ориги, а големи заслуги имаше и момчето кое собира топки.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Оклеј Каноиер размислуваше генијално. Брзо ја дофрли топката до Трент Александер-Арнолд кој го пронајде Ориги во петерецот.

Каноиер тогаш имаше 14 години, на неговиот одличен потег претходеле советите на менторот Карл Ланкастер кој цело време им зборувал дека мораат брзо да ја враќаат топката во игра затоа што анализите покажале дека тогашната екипа на Барселона ужасно лошо се бранела на прекините.

Два месеци подоцна Каноиер повторно се најде во центарот на вниманието затоа што постигна гол за тимот до 18 години на Ливерпул. Две години подоцна неговиот живот не се променил многу и понатаму е дел од младинските селекции на Ливерпул, а кон крајот на минатата година постигна убав гол против врсниците од Барнли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Се најавува ново правило во Премиер лигата: Против биле само Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Астон Вила

Премиер лигата неодамна најави воведување на ново правило кое ќе ги ограничи трошоците на …