Напаѓачот на ПСЖ, Едисон Кавани би можел да ги напушти редовите на Францускиот шампион.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Француските медиуми неодамна пишуваа за соработката или подобро кажано несоработката на Мбапе и Нејмар со Едисон Кавани,(тука) тоа би можело да придонесе за заминување на Уругваецот.
Кавани и претходно се поврзуваше со заминување од Париз, а сега за негова потенцијална наредна дестинација се споменува Пример и тоа Атлетико Мадрид.
Наводно, екипата од Мадрид покажала сериозен интерес да го доведе во своите редови и да формира страшен напад вклучувајќи ги Антоан Гризман и Диего Коста.
Договорот на Кавани со ПСЖ има важност до 2020 година, а досега за клубот од престолнината на Франција постигна 173 погодоци на 233 настапи.
Дополнителна причина поради која медиумите наведуваат дека ПСЖ би можел да го продаде Кавани е финасискиот фер плеј.