Дома Фудбал Останато Кавани го избра најдобриот соиграч, тоа не е ни Суарез, ни Ибра ни Нејмар

Кавани го избра најдобриот соиграч, тоа не е ни Суарез, ни Ибра ни Нејмар

Напаѓачот на Пари Сент Жермен, Едисон Кавани изненади многумина со изборот на најдобриот фудбалер со кој играл во кариерата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иако се очекуваше Уругваецот да избере некој помеѓу Златан Ибрахимовиќ, Нејмар или Суарез, тој сепак се одлучи за Марко Верати.

Фановите сметаат дека не именувањето на Нејмар не е случајно и е резултат на нивната расправија која се случи на мечот со Лион.

„Имавме разговор со Нејмар и јас му кажав што мислам. Меѓутоа нема да ви откривам повеќе детали, бидејќи тие работи треба да останат во соблекувалната. Се радувам со тоа што тој сака да ја освои „Златната топка“, тоа значи дека се стреми да даде многу голови за успехот на ПСЖ и целиот тим“, изјави Кавани.

Меѓу другото Кавани го посочи Џорџо Киелини како најдобриот дефанзивец против кого играл, а за најдобар фудбалер во историјата го избра Диего Марадона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Навивачи грабнаа репортер и го фрлаа во воздух: Ова е најлудата сцена на Мундијалот (Видео)

Во Мексико владее невидена возбуда. Домашните навивачи се во потполна екстаза откако репре…