Дома Останати Кабиб со провокација до Конор: Добредојден е, ќе му ја покажам и салата за борење, може и нешто да научи

Кабиб со провокација до Конор: Добредојден е, ќе му ја покажам и салата за борење, може и нешто да научи

Кабиб Нурмагомедов и понатаму е во центарот на светската јавноста, а овој пат испрати порака до својот противник Конор Мекгрегор.

Дагестанецот пред неколку недели го победи Мекгрегор и така го одбрани појасот во лесна категорија во УФЦ, но нивната борба ќе остане запаметена по скандалот во кој Кабиб го прескокна кафезот. Страстите сега малку се смирија, а таткото на Нурмагомедов го повика Мекгрегор да им биде гостин на турнирот во Дагестан кој се одржува во декември.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ова го потврди и Кабиб кој порача дека би сакал Мекгрегор да дојде во Дагестан и да биде негов гостин. Сепак, не ја пропушти шансата и да испрати мала провокација до Ирецот.

„Ние мораме да ги дочекаме гостите најдобро што можеме, за нас тоа е нешто свето и Дагестан е познат по тоа. Ако Конор дојде сигурно ќе биде дочекан на најдобар начин. Нашите гости никогаш не се гладни, сити се и облечени. Можеби ќе му ја покажам и нашата сала за борење, може и нешто да го научам, бидејќи очигледно не знае да се бори“, порача Кабиб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

„Гробари“ ефорично ги пречекаа хрватските легенди Кукоч и Раџа🎥

Легендарниот кошаркарски тандем, Тони Кукоч и Дино Раџа се специјални гости на Партизан на…