Тони Фергусон беше поразен во саботата од Џастин Гетџии во УФЦ 249 и како што стојат работите судирот против Кабиб Нурмагомедов ќе остане само сон за него.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Гатџи ги изненади сите со фантастична борба во која го совлада Фергусон и на крајот заслужено го освои појасот за привремен шампион во лесна категорија.
Многумина очекуваат дека Гетџи ќе го предизвика Кабиб , иако многумина веруваа дека шампионот конечно ќе се пресмета со Фергусон.
Откако Фергусон беше поразен, многумина се радуваа на негова сметка, а потоа Кабиб ги изненади сите со порака за својот лут противник. Кабиб му упати поддршка и утеха на Фергусон и со тоа ја воодушеви јавноста.
„Што и да се случи останува во минатото. Глава горе Тони, се надевам дека вие и вашето семејство се добро. Кога вашиот син ќе порасне, тој ќе биде горд на вас“, рече Кабиб.