Еден од најдобрите фудбалери на Ајнтрахт Франкфут, Тимоти Чендлер би можел да се пресели во Серија А, бидејќи италијанските клубови покажуваат силен интерес за неговиот потпис.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
27-годишниот Американец целата кариера ја помина во германски клубови, но оваа сезона се етаблираше како еден од најдобрите фудбалери на Ајнтрахт.
„Неколку клубови од Италија го сакаат Чендлер, но и од други лиги. Тоа е логично после добрата сезона“, изјави менаџерот Ершин Акан.
Чендлер игра на позицијата десен бек, има договор со Ајнтрахт до 2020 година, а најсилен интерес за него покажува Рома.