Богатите сопственици на Њукасл се спремни да направат се за да го избегнат најцрното сценарио, односно испаѓањето од Премиер лигата во Чемпионшип.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Њукасл немаше добра полусезона, но и понатаму се во игра за опстанок во елитата. Во вториот дел од сезоната сигурно ќе бидат посилни, веќе пристигна Трипие, а се очекуваат и нови имиња.




Еден од приоритетите на клубот наводно е Андреа Белоти, репрезентативецот на Италија кој на лето станува слободен играч затоа што му истекува договорот со Торино.




Англичаните наводно веќе го контактирале Белоти и неговите агенти. Според првите информаци Белоти ја одбил понудата, меѓутоа немаат намера да се откажат. Покрај Њукасл за Белоти интерес покажа и Милан.