Дома Трансфер зона Италијанскиот гигант започна преговори со Јанузај

Италијанскиот гигант започна преговори со Јанузај

Италијанскиот гигант Милан покажува силен интерес за белгискиот репрезентативец, Аднан Јанузај.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Договорот на Јанузај со Реал Сосиедад истекува на крајот на сезоната и може да се пресели на „Сан Сиро“ како слободен агент, пренесува „Спортиталија“.

Медиумот пренесува дека самиот фудбалер преку своите агенти му се понудил на „росонерите“ и веќе се започнати преговори.

Милан е во потрага по засилување за десната крилна позиција, но прва желба на „росонерите“ е Доменико Берарди.

Јанузај важеше за голем талент во Манчестер Јунајтед, а кариерата ја „оживеа“ во Реал Сосиедад каде игра одлично во последните две сезони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…