Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ е подготвен да потпише нов долгорочен договор со Јувентус, а неговиот агент ќе се сретне со клубот во наредните недели, пренесуваат италијанските медиуми.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
24-годишниот Србин игра во одлична форма во последните недели, постигна девет гола на последните седум првенствени натпревари.
„Газета дело Спорт“ пишува дека Влаховиќ во Торино од ова лето треба да заработува 12 милиони евра по сезона. Влаховиќ е подготвен да потпише ново двегодишно продолжување на договорот и со тоа да го продолжи договорот до јуни 2028 година.
Српскиот напаѓач веќе го известил својот агент Дарко Ристиќ дека може да потпише нов договор со Стара Дама, а позитивни биле првите разговори со спортскиот директор Кристијано Џунтоли. Се очекува двете страни да се сретнат кон крајот на пролетта за да ги финализираат деталите од договорот.