Научници и статистичари од повеќе европски универзитети спроведоа заедничко истражување и утврдија дека Франција има најголеми шанси да ја освои титулата европски шампион.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Статистичарите во истражувањето комбинирале различни модели, вклучувајќи ја пазарната вредноста на фудбалерите, бројот на играчи со настапи во Лигата на шампиони и националните лиги, како и повеќе економски и социјални фактори на земјите учеснички на ЕУРО.
Истражувањето е спроведено на универзитетите во Дортмунд, Минхен, Инсбурк, Гент и Молде, и покажа дека веројатноста Французите да станат нови европски прваци е 14,8%, пред Англија (13,5), Шпанија (12,3) и Португалија и Германија, со по 10,1%.