Репрезентацијата на Македонија денес го игра клучниот натпревар на Светското првенство, на кој противник ќе ни биде селекцијата на Исланд.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Македонија само победа на оваа средба ја носи во следната фаза, ремито не ни одговара.
Натпреварот помеѓу Македонија и Исланд се игра во 18:00 часот.
Исланд сигурно е селекција на која не е лесен противник, а еве на што би требало најмногу да посветиме внимание во одбраната.
Исланѓаните играат типичен скандинавски ракомет со цврста одбрана и формација 6:0. Моторот на тимот е централниот бек Арон Палмарсон. Тој со својата ракометна луцидност ги разигрува сите останати.
За Исланд голем хендикеп е што не можат да сметаат на крилото Гјудон Валур Сигурдсон.
Најдобри стрелци селекцијатан а Исланд се Гунарсон си Палмарсон со 16, односно 5 погодоци, од бековската линија реализира Олафур Гудмундсон со 12 погодоци.
Ако ја погледнеме нивната статистика во досегашниот тек од Мундијалот нивното најсилно оружје е ударите од далечина и влезовите на шест метри.
Кога ќе направиме споредба Македонија е подобра во реализацијата на удари од шест метри и реализирани контранапади.
Сето ова се само бројки, останува да видиме што ќе се случува на теренот од 18:00 часот.