Дома Фудбал Иско се предомисли: Среќен сум во Реал Мадрид!

Иско се предомисли: Среќен сум во Реал Мадрид!

Ѕвездата на Реал Мадрид, Иско ја отфрли можноста да го напушти „кралскиот“ клуб во зимскиот преоден рок.

Иднината на Иско е главна тема во шпанските медиуми веќе подолго време бидејќи го загуби местото во стартниот тим и изјави дека не е задоволен од својот статус.

Поради тоа се погласни беа шпекулациите за негово заминување од „Сантиаго Бернабеу“ уште во зимскиот преоден рок.

Сепак, шпанскиот плејмејкер сега се предомисли и тврди дека е среќен во Реал Мадрид.

„Не размислувам за зимскиот преоден рок бидејќи нема да правам трансфер. Многу сум среќен, и мојата цел е да освојам многу трофеи во Реал Мадрид“, истакна Иско.

За него силен интерес покажуваат клубовите од Премиер лигата како и Јувентус и ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер јунајтед плати 70.000.000 фунти за да доведе играч од средниот ред!

Манчестер јунајтед заврши со ангажманот што Мајкл Керик толку го посакуваше во текот на ле…