Дома Фудбал Иско се збогуваше од Реал Мадрид и испрати порака до Мбапе

Иско се збогуваше од Реал Мадрид и испрати порака до Мбапе

После девет години поминати во Реал Мадрид, Иско си заминува од клубот како слободен агент.

Шпанецот од поодамна беше на излезна врата, а оваа одлука ја потврди преку порака на социјалните мрежи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Интересно е што дел од пораката на Иско навивачите го протолкуваа како да е порака за Килијан Мбапе.

“Кога бев во Малага, знаев дека морам да направам чекор напред. Ме поврзуваа со други тимови, но тогаш Реал тропна на мојата врата, а на Реал никој не треба да му каже „не““, изјави Иско.

Во дресот на Реал, 30-годишниот Шпанец одигра 353 натпревари и постигна 53 гола, освојувајќи ја шпанската титула три пати, Лигата на шампионите пет пати, европскиот Суперкуп три пати, Светското клупско првенство четири пати, шпанскиот Суперкуп три пати и Купот на кралот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…