Oд Реал Мадрид потврдија дека на нивниот играч за врска Иско Алкарон бил извршен опертивен зафат.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Шпанскиот се пожалил на восполаение на слепото црвено, поради што мораше да му биде извршена итна операција, поради што одредено време ќе биде надвор од терените.
„Иско е успешно опериран. Операцијата беше направена под надзор на медицинскиот тим на Реал и ние ќе продолжиме да ја следиме неговата состојба“, соопшти Реал на својата официјална страна, а брзо опоравување на Иско му посака и тренерот Лопетеги.
„Операцијата е зад него. Му посакуваме се најдобро и што побрзо да се опорави“, порача Лопетеги.
Иско со сигурност ќе го пропушти натпреварот со Севилја, а не е исклучена можноста да не биде во комбинација и за настап против Атлетико и Барселона, натпревари кои се играат во наредниот месец.
На стартот од сезоната Иско на пет натпревари во Ла Лига постигна еден гол и запиша една асистенција, погоди и во Лигата на шампионите против Рома.