Дома Трансфер зона Иско одби нов договор – се поблиску до излезната врата!

Иско одби нов договор – се поблиску до излезната врата!

Играчот за врска на Реал Мадрид, Иско одби да го продолжи договорот и сака да го напушти клубот по завршувањето на сезоната.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Весникот „АС“ пренесува дека Иско пред два месеци и официјално ја одбил понудата на Реал Мадрид за продолжување на договорот, а тоа најверојатно ќе значи негово заминување од „Сантиаго Бернабеу“.

24-годишниот шпански репрезентативец не добива голема минутажа кај Зинедин Зидан и смета дека за понатамошен напредок во кариерата е неопходно да игра повеќе па поради тоа сака да ја промени средината.

Неговиот договор со „кралевите“ истекува во јуни 2018 година, па следното лето ќе биде последна шанса Реал Мадрид да заработи на неговата продажба.

Интерес за Иско покажуваат неколку клубови од Премиер лигата, како и италијанските гиганти Јувентус и Милан, па сигурно нема да му биде тешко да најде нов клуб.

Иско оваа сезона одигра 15 натпревари во Примера на кои постигна 3 гола и запиша 4 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…