Дома Фудбал Репрезентации Инфантино се огласи за ужасот во Белгија

Инфантино се огласи за ужасот во Белгија

Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино денеска изјави дека е шокиран и тажен од нападот во кој во понеделникот во Брисел беа убиени двајца шведски навивачи пред натпреварот меѓу Белгија и Шведска.

Длабоко сум шокиран и тажен поради трагичната смрт на двајца Швеѓани во Брисел во близина на стадионот каде што Белгија беше домаќин на Шведска. Во име на ФИФА и фудбалската заедница, упатувам најдлабоко сочувство до семејствата и пријателите на жртвите.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Нашите мисли се со граѓаните на Белгија и Шведска, нивните репрезентации и федерации – напиша Инфантино на Инстаграм.

Двајца шведски државјани беа убиени во понеделникот навечер во Брисел во вооружен напад во близина на центарот на градот, неколку часа пред квалификацискиот натпревар за Европското првенство 2024 меѓу Белгија и Шведска.

Натпреварот меѓу Белгија и Шведска беше прекинат на полувремето при резултат 1:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…