Дома Фудбал Останато Инфантино до клубовите: Или сте во Суперлигата или сте со нас, УЕФА има целосна поддршка!

Инфантино до клубовите: Или сте во Суперлигата или сте со нас, УЕФА има целосна поддршка!

Вчера против Суперлигата зборуваше претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, а денес на јавноста и се обрати првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино.

Инфантино беше јасен и порача дека УЕФА ја има целосната поддршка од ФИФА во борбата против Суперлигата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„ФИФА не ја поддржува Суперлигата, затворен систем е нешто што не треба да се прави. Како претседател давам целосна поддршка на УЕФА, европскиот фудбал и на 55 членки на УЕФА и ФИФА. Моја и наша задача е да го спасиме фудбалот. Кога се клубовите во прашање или си внатре или си надвор, ФИФА и УЕФА се демократски средини каде што секој може да предложи идеја“, изјави Инфантино.

Инфантино не зборуваше за санкции, меѓутоа јасно стави до знаење дека клубовите не можат да бидат на средина или ќе го следат сегашниот систем или ќе одат во Суперлигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барселона сака да си го врати Олмо

Барселона е силно заинтересирана да го врати Дани Олмо во своите редови, пренесуваат шпанс…