Дома Фудбал Останато Интернационален куп: Арсенал подобар од Баерн, Европа има три од три против МЛС (ВИДЕО)

Интернационален куп: Арсенал подобар од Баерн, Европа има три од три против МЛС (ВИДЕО)

Арсенал во натпреварот од Интернационалниот куп на шампиони го совлада Баерн Минхен со 2:1.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сите три гола на овој натпревар беа постигнати во второто полувреме, а до водство прв стигна Арсенал. Се играш 49-тата минута кога сопствената мрежа ја погоди Позански за предност од 1:0 на Арсенал.

Баерн до изедначување стигна во 71-та минута. Одличното нафрлување на Гнабри во гол го претвори Роберт Левандовски.

Сепак, во самиот финиш од натпреварот Арсенал стигнува до победа. Еди Никетиах ја искористи лошата реакција на одбранатана на Баерн и погодува за 2:1.
Европските тимови беа успешни против МЛС претставниците и остварија три победи.

https://youtu.be/1yg5KmJVPU4

Севиља со 3:1 го победи Далас, со истиот резултат Борусија Дортмунд беше подобра од Сиетл Сондерс, додека Астон Вила со 3:0 ја победи Минесота.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул понуди 100 милиони евра за Диоманде

Ливерпул се активираше во потрагата по сензацијата на РБ Лајпциг, Јан Диоманде, објавува н…