Дома Фудбал Лига на шампиони Интер ја сруши Барса, Ливерпул рутински, Наполи е „машина“🎥

Интер ја сруши Барса, Ливерпул рутински, Наполи е „машина“🎥

Интер стигна до голема победа против Барселона, Наполи до врв ја наполни мрежата на Ајакс, Атлетико падна во Белгија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Барселона од самиот старт ја контролира играта, но е стерилна во нападот и не создаде чиста шанса.

Интер спорадично се закануваше преку контранапади,а во последната минута од полувремето Чалханоглу постигна гол од дваесетина метри за водство на домаќините.

Во вториот дел Барселона фрли се на една карта, Интер се одлучи да го брани резултатот и успеа во тоа.

Наполи уште еднаш покажа дека е во фантастична форма и го прегази Ајакс во Амстердам со 6:1. Елмас заполна на клупа и ги одигра последните дваесетина минути.

Ливерпул без поголеми проблеми славеше над Глазгов Ренџерс со 2:0, додека Атлетико Мадрид загуби на гостувањето кај Клуб Бриж со идентичен резултат.

Тотенхем одигра реми без голови на гостувањето кај Ајнтрахт Франкфурт, а Порто запиша важна победа од 2:0 над Леверкузен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Голем трансфер во Катар, Лацио остана без капитенот

Алесио Ромањоли повеќе не е фудбалер на Лацио. Искусниот италијански стопер одлучи да го н…