Раководството на Интер ја одби понудата на Манчестер Јунајтед за позајмица на играчот за врска Матијас Весино, пренесува „Скај Спорт“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Двата клува се во одлични односи и договорија неколку зделки во последните неколку месеци, така што од Јунајтед во Интер се преселија Лукаку и Ешли Јанг во перманентен трансфер и Санчез на позајмица.
Сега Јунајтед сакаше да го позајми Весино од „нероаѕурите“, кој е на излезна врата бидејќи не добива голема минутажа кај Конте.
Меѓутоа, Интер нема намера да го пушти играчот на позајмица бидејќи сака да го продаде, а во последните денови се отвори можност за трампа со играчот на Наполи, Алан.