Дома Топ вести Интер тргнува по Де Геа

Интер тргнува по Де Геа

Интер е во потрага по нов голман откако го продаде Андре Онана во Манчестер Јунајтед, а најново име на списокот е Давид де Геа.

Прва мета на „нероаѕурите“ беше Јан Зомер од Баерн Минхен, но Баварците бараат 8 милиони евра за неговата слобода, сума која Интер не сака да ја плати.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поради тоа сега миланскиот гигант се врти кон Де Геа, кој е слободен агент отако му заврши договорот со Манчестер Јунајтед.

Иако се шпекулираше дека ќе оди во Саудиска Арабија, сепак Шпанецот сака да остане во Европа и е спремен да слушне понуда од Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Салах ја прифати понудата од Саудиска Арабија

Мохамед Салах на крајот на сезоната готово сигурно ќе го напушти Ливерпул, тврдат медиумит…