Дома Трансфер зона Интер се откажал од Лукаку, „нероаѕурите“ се налутиле поради преговорите со Јувентус

Интер се откажал од Лукаку, „нероаѕурите“ се налутиле поради преговорите со Јувентус

Aктуелниот европски вицешампион, Интер се откажал од намерата да го задржи Ромелу Лукаку, пренесува италијанскиот „Скај“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според еден од најпознатите медиуми Интер го информирал Челзи дека се откажува од намерата за откуп на Лукаку кој во минатата сезона играше како позајмен фудбалер во Милано. Интер претходно испрати понуда од 40 милиони евра, но сега се откажаке наводно поради несериозната на Белгиецот.

Во Интер се налутиле затоа што Лукаку започнал преговори со Јувентус кој исто така е спремен да плати 40 милиони евра. Меѓутоа во Јувентус веројатно сакаат прво да го продадат Влаховиќ, па потоа посериозно да тргнат по Лукаку.

Како и да е како што сега стојат работите, Лукаку во Интер најверојатно нема да заврши. Лукаку минатото лето дојде на позајмица во Интер откако претходно миланскиот гигант го продаде на „сините“ за 115 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…