Дома Трансфер зона Интер преговара со ѕвездата на Мехенгладбах

Интер преговара со ѕвездата на Мехенгладбах

Интер започнал преговори со дефанзивецот на Борусија Мехенгладбах, Матијас Гинтер, пренесуваат италијанските медиуми.

28-годишниот германски репрезентативец има договор со Мехенгладбах до крајот на сезоната и веќе му соопштил на клубот дека нема намера да ја продолжува соработката.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Гинтер сигуно на лето заминува како слободен агент, а Интер сака да ја искористи таквата ситуација и веќе започнал преговори со неговиот агент.

Германецот може да игра на сите позиции во одбраната, па поради тоа Инзаги го посакува во своите редови.

Сепак, Интер ќе треба да ја победи конкуренцијата бидејќи за Германецот интерес покажуваат неколку клубови од Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Крај на една ера: Марко Ројс заминува од Борусија Дортмунд!

Легендата на Борусија Дортмунд, Марко Ројс ќе си замине по завршувањето на актуелната сезо…