Дома Трансфер зона Интер после само една година го враќа Далберт во Франција

Интер после само една година го враќа Далберт во Франција

Минатата сезона Далберт пристигна во Интер од Ница како големо засилување, но не успеа да ги исполни очекувањата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бразилскиот лев бек главно беше резерва и запиша само 12 настапи, па јасно беше дека за него нема место во тимот на Спалети.

Италијанските медиуми пренесуваат дека „нероаѕурите“ постигнале договор со Монако и ќе го испратат Далберт на едногодишна позајмица во „кнежевството“.

Монако за позајмица ќе му плати на Интер 3 милиони евра, а во договорот има клаузула според која ќе можат да го откупат следното лето за додатни 24 милиони евра.

„Нероаѕурите“ минатото лето силно го посакуваа Далберт и за неговиот потпис и платија 27 милиони евра на Ница.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…