Милан ова лето направи комплетна реконструкција на тимот и донесе десет нови засилувања, на што најголемите ривали Интер и Јувентус се смееја и тврдеа дека нема да купуваат играчи на „кило“ како „росонерите“.
Милан ова лето потроши повеќе од 200 милиони евра и на почетокот на трансфер пазарот направи „бум“. Новите засилувања на „Сан Сиро“ се редеа како на лента, а од таборот на Интер не пропуштаа прилика да напоменат дека тоа не е нивни стил, нема да го следат тој пример и не му се потребни толку нови играчи.
Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓
Меѓутоа, како што стојат работите „нероаѕурите“ ќе го следат примерот на своите „комшии“ и ќе донесат 10 нови засилувања ова лето.
Во Интер веќе пристигнаа голманот Падели, Шкриниар, Борха Валеро, Весино и Далберт. До крајот на преодниот рок „нероаѕурите“ работат да ги донесат Жоао Кансело од Валенсија, и Мангала кој треба да пристигне од Манчестер Сити на позајмица.
Трансферот на Шик од Сампродија е веќе договорен, а Спалети сака уште едно засилување на крилната позиција (Карамо) и едно во средниот ред (Рабио).
Тоа се вкупно 10 нови засилувања, исто колку што донесе и Милан во овој момент!