Интер стана последниот клуб клуб кој ја напушти Суперлигата, откако претходно сите шест англиски клубови го напуштија проектот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Арсенал, Ливерпул и Тотенхем преку официјални соопштенија потврдија дека ја напуштаат Суперлигата.
Директорите на Интер за италијанските медиуми потврдија: „Ситуацијата е таква што Суперлигата повеќе не претставува интерес за Интер“.
Милан исто така донел конечна одлука да го напушти проектот, кој очигледно не успеа.
Од Јувентус не се огласуваат и изгледа дека се уште стојат позади Суперлигата, која денес излезе со официјално соопштение.