Дома Топ вести Интер има „пеколен“ план и сака да ја прекине доминацијата на Јувентус!

Интер има „пеколен“ план и сака да ја прекине доминацијата на Јувентус!

Поранешниот спортски директор на „старата дама“ и архитект на овој Јувентус, Бепе Марота е пред промоција во Интер, а целта е само една – да се симнат „бјанконерите“ од тронот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Марота моментално е во Кина на средба со челниците на Сунинг, каде детално ќе биде разработен планот со цел создавање на тим кој ќе се бори за Скудето и ќе биде сериозен фактор во Лигата на шампиони.

Интер на лето ќе се ослободи од стегите на Финансискиот фер-плеј и сопствениците се спремни да вложат значителна сума, бидејќи сметаат дека наскоро може да се прекине доминацијата на Јувентус во Италија.

„Газета дело Спорт“ открива детали и имиња на ѕвезди кои би требало да пристигнат на „Џузепе Меаца“. Имено, Марота сакаше ова лето да го донесе Милинковиќ-Савиќ во Јувентус, наводно веќе има договор со неговиот агент и ова лето ќе го донесе Србинот во Интер. Истиот принцип ќе биде искористен и за ѕвездата на Каљари, Николо Барела.

Марота наводно добил „зелено светло“ да работи на доведување на две големи ѕвезди, а станува збор за Лука Модриќ од Реал Мадрид и Марсијал. „Нероаѕурите“ нема да жалаат пари да ги донесат овие двајца фудбалери на „Џузепе Меаца“ и сметаат дека со сите овие засилувања и еден искусен дефанзивец како Вертонген ќе имаат „дрим-тим“ со кој ќе стават крај на доминацијата на Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…